(одговор на текстот на Марјан Николовски: Автономијата на Вранишковски е безначајна и за СПЦ)

Во Соборното Православие единствен валиден документ во кој се наброени автокефалните и нивните автономни цркви е имено диптихот, каде за жал, МПЦ и нејзините архиереи не фигурираат, затоа што во православниот свет никој не ги препознава за такви.

Уставот на СПЦ, кој не е променет уште од 30тите години на минатиот век, е валиден во рамките на СПЦ, а ПОА како автономна црква, се раководи според свој устав, каде изрично е наведено дека службен јазик е македонскиот.

Во вашиот благо речено отровен напис, самиот признавате дека не се занимавате со учењата на црквите, туку само со вашата перцепција за политиката на црквата, со што станува беспредметно да се навлегува во теолошка дебата, а пазарџиското ниво на дискусија што го наметнувате за ваков исклучително осетлив, во овој период на преговори, канонски проблем, може слободно да го „разглабате“ со вашиот колега Бранче, во првата удобна за вас кафана.

Како за крај, единствено би можеле да ви припомниме, дека мнозинството народ го распна Христос, но и мнозинство беа оние кои се приклонија на прогонетите само дванаесет апостоли.

Затоа, повеќе не губејќи си време со вашите закоравени умови, со жалење можеме да констатираме: додека вие си ја лаете вашата политика, а слободно можете да продолжете да си лаете, нашиот караван ќе продожи да врви.