Слика прва.

Деновиве бевме сведоци како еден млад и во оформување политичар со своите мрачни, деветнаесто-вековни сценарија посведочи дека расколничката МПЦ е под директна контрола на власта и дека МПЦ си игра според правилата што по весниците ѝ ги свират политичари кои во нивната неукост ниту се кадарани да бидат црковни аналитичари.

Ваквите политиканти само верно продолжуваат да ги негуваат и развиваат амбициите на Комунистичката Партија на Македонија од 1967 г., согласно на кои, за да се владее со свеста на народот се пропагира страв и омраза кон сѐ православно од комшиските земји кои имаат мнозинство православни жители.

Целта е на македонските граѓани да им се стеснува погледот со кусогледоста на политикантот. Само провинцискиот политикантски дух е тој што наметнува и упатува закани дури и кон расколничките епископи кои не го слушаат политикантот, притоа не оставајќи ја црквата слободно и самостојно да си ги решава проблемите. Читателите сами нека проценат со кого си имаат работа, само низ два примери, а ги има безброј.

Гледајте го лицемерието на младиот политичар: сака да нѐ настрви да се мразиме со православните соседи, а од прагматични причини не му пречи кога оној што пукаше по Македонци, командантот на УЧК Талат Џафери станува негов министер за одбрана; зборува за територијални претензии од страна на цркви, а ги препушта Струга и Кичево под албанска управа. Се разбира немаме ништо против нашите сограѓани Албанци, туку го предочуваме лицемерието на политикантот. Тоа јасно упатува на неговиот расцеп во расудувањето, но ќе дојде денот кога ќе се увери дека не било за потценување расудувањето на другите Македонци кои не се партиски робови.

Ова тотализирање што го прави политичарот, односно затворање на решавањето на црковниот проблем во тесните рамки на една политичка ориентација означува настанување на еднообразно мислење, суспензија на критичката свест и вовед во мерки на насилство на кои се изложени верските неистомисленици.

 

mpc-pred-vrhoven-screenshot

Слика втора.

Деновиве ја проследивме и веста дека расколничкиот митрополит Петар ја загубил тужбата пред Врховниот суд на Австралија. Иако е суштински битно, во оваа прилика нема да навлегуваме во тоа што на еден од свештениците на Петар му се заканува затворска казна заради лажно сведочење, ниту во тоа што целта на Петар била „да земе еден храм и да протера 891 верник од него“. Тука ќе навлеземе во следново: се проценува дека 17 годишниот судски спор чинел од 8 до 10 МИЛИОНИ австралиски долари. Значи, 8 до 10 милиони австралиски долари се потрошени на загубени судски спорови помеѓу Македонци и направен е раскол во раскол.

Архиепископот охридски г.г. Јован е осуден за 250 илјади евра, за кои судски е докажано дека ги нема присвоено, туку дека се потрошени на објекти и предмети кои и денес се наоѓаат во сопственост на расколничката МПЦ. Сепак, заради тоа во последниве 12 години Архиепископот охридски г.г. Јован по осми пат се наоѓа во затвор.

Нема потреба од дополнително пишување. Оние што имаат расудување ќе сфатат. Оние кои лицемерат и не сакаат да го видат горепосоченото, нека се сетат што викаа луѓето кои бараа Христос да биде распнат, па нека почнат да размислуваат за зборовите од Евангелието: крвта негова нека падне врз нас и нашите деца.