Во однос на случајот „Титаник“, денешниот „Фокус“, на интернет пишува: „Она што остана забележително е од кој влез се примени осомничените и зошто за нив има поинакви правила. Кој и зошто им дозволува да користат службени влезови, а не главниот, оној на кој МВР спектакуларно ги внесуваше сите приведени во акциите на Јанкуловска. Зошто сите се пренесуваа со специјалци, а оние за кои Специјалното обвинителство тврди дека изградиле цел систем за изборни местенки и на кои им се заканува затвор од по неколку години, им е оставено правото самите да се појават?!“

Значи, средствата за јавно информирање сведочат дека на поранешната министерка за внатрешни работи и било овозможено да влезе на распит во судот, како првоосомничена во предметот „Титаник“, дури и од задна врата, само за да ги избегне телевизиските камери. И, тоа е навистина доличен пристап, кој Соборното Православие го поддржува, бидејќи оди во прилог на неопходното почитување на пресумпцијата на невиност.

Но, во продолжение само го објавуваме видеото, кое го направија православни христијани од САД, на кое се гледа дека поранешната министерка на МВР, кон Црквата се однесуваше сосема спротивно, т.е. варварски.

Монаштвото и верниците на ПОА сведочат дека по нејзина наредба и диктат на нејзините наредбодавци, при упадот на полицијата во манастирите и домовите на верниците на ПОА, полицајците задавале физички удари, ги растурале домовите и правеле хаос со цел да застрашат, а потоа преку телефон, и тоа пред неправедно обвинетите, се договаарале со политичките назначеници од новинари кога ќе пристигнат пред судот, за камерите на новинарите да бидат подготвени, ставајќи им лисици дури и на монахињи; со други зборови, се покажаа немилосрдни гонители на Црквата Христова. Се покажаа како нелуѓе, кои безмислосно удираат и плукаат по лицето на самиот Христос Господ. Сето тоа, пак, сѐ уште немо го набљудуваат припадниците расколничката МПЦ, без јавно да се оградат и без збор за христијанско сочувство од нивна страна. Какви ли луѓе се тие!

Световните судови ќе поминат, а потоа доаѓа судот Божји. Се разбира, таму сите ќе треба да дадеме одговор, а според православното предание еден од најголемите и најстрашни гревови е токму прогонот и кревањето рака на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква од која Православната Охридска Архиепископија е нераскинлив дел. Во Р. Македонија тој прогон трае веќе 14 години, а се спроведува во содејство од страна на одредени политичари и претставници на расколничката МПЦ.