Од печат излезе православниот календар за 2015 година, во издание на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска. Оваа година, тој е посветен на правилната духовност. Календарот започнува со пролог на Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко којшто во продолжение го пренесуваме во целост.

Во ова издание поместен е текстот со наслов „Вистинското црковно очинство наспроти псевдостарчеството – гуруизмот“ на Епископот јегарски (сега Митрополит загребачко-љубљански) г. Порфириј, којшто е негово излагање на симпосионот на тема:

„Гуруизмот во деструктивните култови и на други места: лични – духовни – општествени проблеми и нивното решавање”, одржан во Нови Сад, Р. Србија, од 24 до 27 Септември 2012 година.

Во календарот се отпечатени и табелите со евангелските и апостолските читања за неделите и сите поголеми празници во годината, како и кратки поуки.

Извор: poa-info.org