„Црквата треба да е совест на општеството и на секоја власт што го води, да искритикува очигледни злоупотреби, а не да бидеме доживувани како приврзок на секоја власт, како декор при поставување темели или при сечење црвени ленти“, вели отец Пимен, за „Нова Македонија“, број 23654, вторник, 5. 1. 2016 год.

И, сега, што?

Со тоа што го вели, само се заблудува себе си. Тој веројатно сака да остави впечаток дека е авангарда, можеби сака да им се приближи на интелектуалците, бидејќи дошло до неговите уши дека МПЦ се пре-мно-гу рурални, но единственото нешто што успева е да плукне во вис, и плуканицата да му падне на лице, зашто со реченото, успева само да сведочи против себе.

Еве зошто.

Отец Пимен всушност го насликува портретот на непризнатата МПЦ, односно си прави и еден автопортрет, бидејќи и самиот со целото битие ѝ припаѓа на таа непризната црква. Значи, отец Пимен допрва открива топла вода или имаше некој на кого до сега не му беше јасно тоа што всушност и отец Пимен самиот го признава: МПЦ не е совест на општеството, ниту на власта, туку попрво е агенција за религиозни работи потчинета на владините службеници, не критикува очигледни злоупотреби, туку е дел од нив, првивезок и играчка е на секоја власт, и декор е при поставување темели или сечење црвени ленти. И ништо повеќе, само спакувано во религиозна амбалажа.

Побогу луѓе, ајде направете нешто конкретно на дело, доста празни муабети, а во Соборното Православие ширум светот ќе имате поткрепа.