Атмосферата, којашто ни ја создава овој празник, а Христос ова го прави не за себе, туку за нас, и сѐ што прави Христос, го прави за човекот, значи оваа атмосфера, оваа светлина бива за да ни биде покажано предназначението наше, т.е. без престан да ја созерцуваме таворската светлина и да го обожуваме нашето постоење, овде кадешто тоа е единствено возможно во полнота, значи во единството и соборноста на Телото Христово.

Не е, баш, целосно точно, кога велиме дека Христос се преобрази. Треба да се дополни и дообјасни дека Христос секогаш беше таков, каков што се покажа во Неговата несоздадена светлина на гората Тавор. Поточно речено, Он им ги преобрази, им ги отвори очите на Апостолите за да го видат таков каков што секогаш Е. И нам нека ни ги отвора очите за, според силите да ја живееме несоздадената светлина; и нам нека ни дава да го созерцуваме, за, како што се вели во стиховите од богослужбата, секогаш да ни биде осветлено зацрнетото адамово естество, секогаш да се наоѓаме внатре во овој облак, којшто не носи дождови, туку Светлина, секогаш да сме во соборната Црква, којашто нема да престане да нѐ преобразува, сега, секогаш и во вековите на вековите.

Целосниот текст можете да го прочитате на следниот линк: http://david-ninov.net/2013/08/19/preobrazenie/