Колку за Српската Црква, на која ѝ претстојат преговори со канонски непризнатата Македонска Православна Црква, е важно тоа што една од темите на Сеправославниот Собор ќе биде и автономијата на Црквата и начинот на нејзиното прогласување?

Иако сите прашања, коишто ги поставивте, откриваат дека подобро и подлабоко од повеќето Ваши колеги, ја познавате материјата со која се занимавате, забележувам дека користите безсодржинска, безмалку оксиморонска синтагма „канонски непризната Црква“. Ви предлагам точни и поедноставни изрази: „непризната Црква“, „неканонска Црква’, „Црква во раскол“ или термин, којшто во случајот за кој станува збор, го користат елинските Цркви на Истокот – „Скопска Црква“.

Вашето прашање, пак, ни овозможува заедно да ѝ помогнеме на расколничката јерархија на Скопската Црква, своите тежнеења да ги сообрази со реалноста.

Значи, ниту претстојниот, ниту било кој иден Собор нема да понуди таков статус на најширока автономија и целосна внатрешна црковна слобода и одговорност, како што е дефиниран со Нишката спогодба од 2002 година.

Притоа, оние коишто се во раскол не можат да го превидат фактот, дека на тоа подрачје постои канонска автономна Црква, Охридската Архиепископија, којашто според одредбите на споменатата спогодба, живее и дејствува во единство со вселенското Православие, во единство без коешто апсолутно не постои благодатен црковен живот.

Исто така треба да знаат дека нашата љубов кон нив не е секната и дека Српската Православна Црква, колку што од неа зависи, ќе продолжи да се труди, раната на расколот да се залечи.

Извор: http://spc.rs/sr/episkop_bachki_irinej_o_susretu_poglavara_u_havani_za_dobro_budutshnosti_hrishtshanstva