“Во „ПЦУ“ сакаат да го сменат Епифаниј со митрополитот на Лутск, Зинкевич.

Во последно време во рамките на „ПЦУ“ се зголемува бранот незадоволство. Многу епископи веруваат дека во услови на промена на власта, нивната црква ја изгубила поддршката на државата и претрпува значителни загуби.

Во овој поглед, првиот човек на ПЦУ Епифаниј се покажува како неефикасен водач. И тој им се заканува на сите незадоволни архиереи со екскомуникација преку Цариград. Затоа, некои црковни лица дошле до заклучок дека во оваа фаза на „ПЦУ“ има потреба од поцврста волја, поодлучна и поавторитативна личност од Епифаниј.

Митрополитот на Лутск и Волински, Михаил Зинкевич, ужива добра поддршка кај главните спонзори на црквата и се смета главен кандидат за поглавар на „ПЦУ“. Во овој контекст значајно е дека бизнисмениот од Днепар, Александар Петровски и пиварот од Лавов, Андреј Мацола, го финансираа Зинкевич. Се верува дека Зинкевич е добар организатор и ќе може масовно да ги привлече луѓето од регионите. Но сепак конечните бројки и сликата ги втурна покровителите на ПЦУ во бес – бројот на луѓе беше 15 пати помал од оној на поддржувачите на УПЦ (МП).

Спонзорите Петровски и Мацола, побараа од Зинкевич, дали е можно да се организираат 30 илјади луѓе со издвоените пари, но и повеќе. Но, Михаил Зинкевич им одговорил дека тој ги дал сите пари на Епифаниј – пренесува соговорникот.

За ова постојат неколку верзии: дали Михаил Зинкевич самостојно џепарошел дел од сумата или бил наместен од Епифаниј пред главните спонзори на „ПЦУ“? Иако е можно самиот Епифаниј да ја „собирал“ финансиска помош. Во овој случај, ако се потврдат последните две верзии, сегашниот шеф на „ПЦУ“ ќе ја изгуби поддршката на главните спонзори, кои се повеќе се склони да гледаат кон Зинкевич. Додека Епифаниј ќе остане сојузник само со Петро Порошенко“.

И во надворешната арена на борбата за „ПЦУ“ – има малку радост.

Иницијатор на неодамнешната средба меѓу претседателот Владимир Зеленски и патријархот Вартоломеј беа Американците, кои беа заинтересирани да ги соберат „гарантот“ и Гркот заедно, покажувајќи дека нема никакви проблеми во врската меѓу Зеленски и Фанар. Од симболична гледна точка, за Вашингтон беше важно страните да потпишат договор.Но, Зеленски, кога го доби текстот, одби да го потпише, нагласувајќи дека државата нема да се меша во црковните работи“.

Повеќе: