Во следново интервју го гледаме Љубчо како ѝ по толку години си бара изговори зошто МПЦ сè уште скита околу православието, а се прави недоветен, дека одговорен за тоа е највеќе тој.

Од позиција на сила, а како докажан србомрзец, но со тоа и човекомрзец, не го поддржа во свое време Нишкиот договор, и ги натера владиците да се повлечат. Тој веќе нема никакво право да зборува за состојбата на МПЦ, зошто решението им беше в џеб, и да не го почнеше токму Љубчо прогонот врз канонската јерархија, досега МПЦ ќе беше автокефална.

Вака ќе остане само запаметен како суров гонител на Црквата кој го затвори патот за дејството на Светиот Дух изразен преку Епископскиот договор.

Во своите квалификации за канонскиот тек на работите во Српската и во останатите Цркви, изнесува невистини или делумни вистини, спуштајќи се ниско до медиокритетското ниво на безличниот Ранду, кој освен што му е истомисленик во случајов, личи и дека му е наставник по црковна историја.

Српската црква е вистински пример во историјата како се стигнува до богооткриената цел на еден народ. А тоа е, со запазување на канонскиот поредок во црквата. И Св. Сава и Милош Обреновиќ кога бараше автономија во 19 век и Караѓоргевиќ потоа, стриктно ја почитуваа процедурата. За својата веќе утврдена држава, побараа канонска црква, но во преговори со Цариград како црква во чија јурисдикција беа нивните територии, и ја добија. Споменатите средства не се суштински, туку се само финален дел на договорот на име: плаќање епархиски долгови, како и надомест за загубени приходи поради отстапување на епархиите. Само злобници кои со симонија очигледно прават сѐ во животот ја споменуваат истата.

Ако е така, зошто не ѝ купи Љубчо на МПЦ автокефалија додека беше премиер?

Љубчо исто така заговара и дека расколот е добар и само така, со упорност во него, се доаѓа до канонски статус, наведувајќи примери.

Свештеникот и професор по теологија од Руската Црква о. Георги Максимов на ова би рекол: Тоа е исто како Љубчо да каже дека не е никаков проблем да се фрлиш од десеткатница, зошто има некои регистрирани случаи, кога некој се фрлил и преживеал.

Така, ако сака Љубчо да остане во раскол, нека остане, и онака си ја губи душата во расколот, но нека не продолжува да прави смут во Црквата наведувајќи на нов раскол, и нека не го нарушува демократскиот принцип на слобода при вероисповед за оние кои не сакаат да умрат во раскол.