arhiepiskopot-jovan-sosluzhuvanje-so-vselenskiot-patrijarh

Тоа што епископите, духовниците и свештениците на МПЦ не му го кажуваат на својот народ, токму тоа неодамна го кажа досегашниот амбасадор на Р. Македонија во Р. Србија, г. Љубиша Георгиевски, пред избраните народни пратеници во Собранието на РМ. 

Зборувајќи за можноста МПЦ да го надмине својот повеќедецениски раскол, тој излезе од вообичаениот вокабулар на дипломат и анализирајќи ја сегашноста, пред народните избраници објави дека воопшто не е оптимист за МПЦ, и дека таа нема изгледи уште низа години да го реши својот проблем, односно да излезе од расколот. Овој исказ добива уште повеќе на тежина бидејќи е изречен од еден искусен политичар од власта, кој како Македонец и амбасадор во Белград, беше одблизу запознаен и засегнат од проблемот со расколот на МПЦ.

Па, како што се констатира дека МПЦ е веќе педесетина години во раскол, се поставува прашањето дали треба (бидејќи, дури ни нашиот амбасадор не е оптимист за скоро решение), да се чека уште 50 или до недоглед години, за конечно МПЦ со својот верен народ да излезат од погубниот раскол? Колку ли само генерации луѓе, веќе се родиле и умреле во македонскиот раскол и колку ли уште ќе се родат и умрат, се додека прелатите на МПЦ не станат свесни, во каква погубна за душата состојба на отпадништво од Бога и Црквата се наоѓаат? Ако се пастири, чувствуваат ли вистинска пастирска одговорност што не го носат народот на плодна паша, т.е. во Црквата, туку го оставаат, согласно на црковните сфаќања, да си ја губи душата во раскол? Па иако Црквата ги повикува, почнувајќи од повиците на Патријархот Павле, па сѐ до повиците на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да си го решат проблемот токму со СПЦ, очигледно, дедо Стефан како најповикан, мува не го лази што луѓето му умираат во раскол. Тој како што тргнал, би жртвувал сѐ, па и Бога би го жртвувал, само да е прв во селото. 

Затоа почитувани браќа и сестри кои ги читате овие редови на Соборно Православие, ве повикуваме да не си го губите скапоценото време од животот во раскол, кој очигледно ќе трае уште долго, благодарение на вашите расколнички прелати, туку оставајќи ги вашите слепи водачи, што поскоро поитајте кон спасителното Соборно Православие, кое ви се дава на сите вас што искрено размислувате за своето спасение и животот во идниот век.

Зошто, вели апостолот, секако еден ден сѐ ова ќе помине: „и како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – Суд“ (Евр. 9,27.)!

http://www.sitel.com.mk/mk/gerogievski-nema-izgledi-za-reshenie-na-sporot-megju-mpc-i-spc-0