Било кого да прашате во Управата на затворот Идризово, па дури и самиот Директор, сите ќе ви одговорат дека Архиепископот охридски Јован има законско право да користи дводневно отсуство.

Значи, за да нема дилеми, повторувам – Архиепископот Јован веќе го има неприкосновеното и со закон загарантирано право да добие дводневно отсуство во теков на неговото исповедничко издржување на затворската казна.

Низ печатот, деновиве можеше да се прочита како Директорот на Идризово буквално се правдаше со емотивно базирани изговори дека Архиепископот Јован имал двојно државјанство и дека можел да ја напушти земјата, па оттука не му бил дозволен викенд.

Прво, Директорот изгледа има многу кратко помнење, па заборавил дека Архиепископот Јован сам и доброволно се предаде на издржување на затворската казна и дека ги има депонирано неговите патни документи во полиција. Второ, зошто би ја напуштал земјата, кога има издржано поголем дел од казната на која ѝ се гледа крајот. Впрочем, тој досега можеше безброј пати да не се врати во Р. Македонија, но очигледно Архиепископот Јован нема резервна татковина и нема резервен народ.

Еве еден озбилен предлог до новинарите: нека му се јават на Директорот на затворот Идризово и нека го прашаат дали во затворот во овој момент има и други затвореници кои имаат двојно државјанство, а притоа непречено и редовно си користат дводневни отсуства? И зошто за нив не важи тоа што важи за Архиепископот Јован? Ако одговори дека нема такви затвореници, лесно ќе се покаже дека Директорот лаже.

Овој предлог важи, реков, за новинари, а не за човекот со муцкање во говорот, барем кога станува збор за црковни теми.

Бранко Ѓорѓевски како сервилно човече на демоде-то удбашки ешалони, едноставно не е способен да ја согледа реалноста, па пишува по диктат. Новинарскиот аутизам е пеколна работа, па замислете, од сето што очигледно се случува, тој си вергла како Архиепископот Јован не се обратил кај Народниот Правобранител.

Народниот Правобранител не е над законот, а овде јасно гледаме кршење на законот токму од страна на затворот, а гледаме и едно човече во ролјата на advocatus diaboli.

Кому ли ќе му се обрати advocatus diaboli на судниот ден!