Бранко Ѓорѓевски

Новинарот Бранко Ѓорѓевски во „Дневник“, од 13 март 2017 година има објавено текст со наслов „Не може да помине Тиранската платформа“, во која пренесува изјава на Данчо Арсов, верник на Православната Охридска Архиепископија.

Тоа што секој читател може лесно да го забележи во редовите на Бранко Ѓорѓевски е дека новинарот веќе препознава дека Православната Охридска Архиепископија има своја црковна структура од Епископи, клир и верен народ.

Новинарот исто така препознава дека Православната Охридска Архиепископија има свои богослужбени места, на пример параклисот „Свети Нектариј Егински“ во Скопје, но и други богослужбени места ширум Република Македонија, каде што се служи соборна Литургија.

Новинарот Бранко Ѓорѓевски исто така препознава дека Православната Охридска Архиепископија има свои верници, кои го уживаат плурализмот на мислењето и не мора да мислат по директива. Пренесувајќи ги нивните изјави, новинарот Бранко Ѓорѓевски препознава дека верниците на Православната Охридска Архиепископија се слободни да мислат како што сакаат и дека ги обединува верската припадност во канонската, сеправославно призната црква – Православна Охридска Архиепископија. Истовремето верниците на ПОА имаат желба што поскоро да се реши проблемот на МПЦ која, за жал, се наоѓа во раскол со Соборното Православие.

Навистина, за пофалба е што после толку години, новинарот Бранко Ѓорѓевски во споменатиот текст констатира дека Православната Охридска Архиепископија е непобитна реалност во Република Македонија.