Верскиот канта-тропа пропагандист, во своето најново „остварување“, повторно ги сподели своите расколнички фрустрации во јавноста. 

Ѓорѓевски и нему сличните ликови од расколничката МПЦ, полека но сигурно сфаќаат, а тоа ептен многу ги фрустрира, дека нема да им помине замислата, набрзина, како разбојници, „прескокнувајќи од другата страна“, да ја внесат расколничката МПЦ во „овчото трло“, кое е – Соборната Црква.

Од нив се бара достоинствено, човечки, да влезат „низ вратата“.

Ова всушност беше содржано во едно неодамнешно соопштение кое Ѓорѓевски го цитира, а тоа е – дека во светот постои само Една Православна Црква (во која МПЦ нема удел), а сè останато, се расколи и ереси. И тие расколи и ереси (меѓу кој и расколот на МПЦ), кога се нарекуваат Цркви, е тотално погрешно.

Уште потешко на Бранче му се видел делот, кој вели: ако овие расколи и ереси (меѓу кој и на МПЦ), сакаат да бидат прифатени во Црквата, треба да покажат послушност кон Црквата и да принесат покајание. 

Така, сега, Бранче, удри и по Бугарската Православна Црква, но истовремено и по Руската, по „одредени владици од редовите на Грчката, на Српската Црква, и по повеќето светогорски манастири“. Со еден збор, Бранче удри по целото Соборно Православие! 

Кој е пак Бранче сите да ги обвинува? И само затоа што нечии изјави, кои се канонски поткрепени, не се вклопуваат во ментално изопачената слика за излез од расколот, која овој, вечито фрустриран расколнички канта-тропаш си ја има формирано во свеста. 

Тој, како и тие со него од расколничката МПЦ, ги разбираат помесните канонски цркви и нивното единство, не како Една, Соборна Црква, туку исклучиво како коалицирање на политички партии, макар и идеолошки различни, со сите замешателства кои меѓу нив можат да постојат.

Тоа е големата заблуда на Бранче канта-тропа.