Осудувањето на пропагандните отрови во писмото кое се однесува на Договорот за пријателство помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, објавено од братството на Бигорскиот манастир, на прв поглед е за поздравување, но во нас тлее сомнежот за претераната леснотија со која е направено истото.

Неодамна на овие страници напишавме за политичкиот пресврт во животот на овие Бигорски црноризци, и имено заради тоа, се сомневаме во нивната искреност.

Многу е лесно, од позиција на поддршка на политиките на власта да се осудува отровот кој сее раздор и омраза, а само до пред неколку месеци, нивната осуда толку гласно отсуствуваше, кога пропагандата доаѓаше токму од самата власт, различна од денешната.

Ова веднаш можеме да го поткрепиме и со несоборливиот факт, дека 15 години „уморените“ монаси воопшто не го кренаа својот глас против отровот кој со кофи се излеваше врз ПОА и Архиепископот Јован, уште повеќе кога полицијата тепаше и затвораше епископи, монаси и верници, кога уриваа и демолираа храмови, а да не говориме дека ниту во болест ниту во затвор дојдоа на посета.

Затоа, за жал, нивниот омилен  псалм, на светиот цар и пророк Давид за благословената братска љубов, се покажува како јалов и крајно лицемерен.