Угледниот весник „Македониа“, од Р. Грција, во обемното неделно издание од 26-ти Октомври 2014 год., објави репортажа, во којашто прави анализа на државниот прогон, кој на верска основа се спроведува врз Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија.

Весникот дава хронолошки осврт на прекршувањето на човековите права и верските слободи на Архиепископот охридски г.г. Јован, нагласувајќи дека неговите затворски казни немаат крај. Весникот посочува и дека, покрај останатите, апели за ослободување на Архиепископот г.г. Јован имаат упатено и Светскиот Совет на Црквите, како и Советот на канонските Епископи на Северна и Централна Америка.

Анализата ги пренесува и ставовите на Патријархот српски г.г. Иринеј дека македонските власти лажно го обвинуваат Архиепископот охридски г.г. Јован, а исто така пренесува и делови од писмото на Патријархот српски г.г. Иринеј упатено до расколничкиот архиепископ г. Стефан, со кое го информира дека против него ќе биде започната црковно-судска постапка.

Весникот го цитира и солунскиот Митрополит г. Антим, кој истакнува дека ваквата осуда на Архиепископот охридски г.г. Јован е остра и нечовечка. Професорот г. Михаил Тритос предочува дека една земја која декларативно сака да влезе во Европската Унија и НАТО, не треба да држи такви тоталитаристички ставови во однос на почитувањето на верските слободи и повикува на итно ослободување на Архиепископот охридски г.г. Јован.

Извор: poa-info.org