Секој добива според срцето свое: во длабочината на срцето се собира сиот живот на човекот, во длабочината на срцето се создава духовниот лик на човекот, во длабочината на срцето се решава пресудното прашање:

Дали човекот е со Христа, или е со Велијар? Затоа во расколот човек не влегува случајно: тој со скриените или јавни страсти го помрачува својот ум, ја открива душата за наговорите демонски, и самиот со сопствените раце си копа себеси јама.

„Ликот“ на срцето, кој е невидлив за светот, а можеби и за самиот човек, ги одредува неговите човечки постапки, меѓу другото и за изборот помеѓу Црквата и расколот.

стр. 9,14, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001