Свештеномаченикот Кипријан тврди: “Никој нека не мисли дека добрите можат да се одвојат од Црквата”.

Христијанинот не може долго да пребива, дури и ако случајно западне во раскол, како што одненадеж паѓаат во волчешка дупка; тој ќе го чувствува мртовечкиот, луциферски дух на расколот од кој срцето на човекот се стеснува како од некое претчувство на гибел, а во длабочината на душата се појавува чувството на измешани тага, копнеж и страдање – како болка од скриена рана.

Христијанинот, во својата простата или незнаење, и да не знае адекватно да одговори на аргументите на расколниците, кои се како мрежи за лов на птици, самото срце ќе му каже дека во расколот почива духот на лагата.

Зошто добар човек не може да пребива во раскол? Бидејќи вистинската добрина е победа над егоизмот и гордоста, а расколот е поле на страстите.

стр. 14, «Падение гордых»//Духовный Собеседник. 2001. № 1(25)-2(26)