На 26 Ноември 2014 год., Црквата го празнува споменот на светиот Јован Златоуст. Овој празник е и именден на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Целата Црква очекуваше за овој ден Архиепископот охридски г.г. Јован да биде пуштен на дводневно отсуство, за да може да служи Литургија за празникот на светиот Јован Златоуст, но тоа повторно му беше ускратено, и тој повторно немаше можност да го искористи правото на отсуство кое според законот му следува, како што тоа право го користат сите други затворени лица.

Во манастирот посветен на светиот Јован Златоуст, по повод празникот, беше одслужено сеноќно бдение, а после богослужбата, за присутните верници, монашкото сестринство приготви пригодна трпеза.

Извор: poa-info.org