Во Новодевичкиот манастир во Санкт-Петербург, на 9 Февруари, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован оствари средба со Митрополитот санкт-петербуршки и ладожски г. Варсануфиј.

Митрополитот Варсануфиј топло го поздрави својот гостин и му изрази подготвеност да му пружи секаков вид на соработка за време на неговиот престој за рехабилитација во Санкт-Петербург, каде што се наоѓа Архиепископот Јован со благослов на Светејшиот Патријарх московски и на цела Русија г.г. Кирил.

Како што пренесува официјалната интернет страна на Митрополијата на Санкт-Петербург, при средбата Митрополитот Варсануфиј на Архиепископот Јован му подарил архиерејски крст и панагија.

Извор: http://mitropolia.spb.ru/news/mitropolit/?id=66179