Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован во средата од првата седмица на Великата Четириесетница ја отслужи првата Претходноосветена Литургија после цели четири години.

Бидејќи Архиепископот Јован последниот пат во затвор беше цели три години и два месеца и тоа без никакво право за домашни отсуства, а Претходноосветените Литургии се служат само во текот на Великата Четириесетница, тој цели четири години немаше служено Претходноосветена Литургија.

Оваа прва Претходносветена Литургија по четири години ја отслужи во Воскресенскиот Новодевички манастир во Санкт Петербург каде се наоѓа на лечење и рехабилитација по тешкиот период што го помина во затвор.

Вечерта истиот ден, на службата на повечерието во истиот манастир дојде Митрополитот на Санкт Петербуршката и Ладожка Митрополија за да го покани Архиепископот Јован да сослужуваат заедно во Неделата на православието во соборниот храм на Митрополијата.

Извор: poa-info.org