Деновиве бевме сведоци на незапамтен аматеризам на новинарите кои се политички назначени да пишуваат за црквата во нашата татковина! 

Тие го креираат јавното мислење за црковните состојби, а не се кадарни да го разберат ниту тоа што самите го пишуваат, на пр. дека „во Истамбул е одржан познатиот никејски собор“, дека „вториот вселенски собор е попознат како Никејско-цариградски симбол на верата“, дека „бараат автокефалија, но веќе имаат автокефалија“… 

novinarski-lapsusi-vselenski-sobor-02

Во нормални околности, после вакви скандалозни написи, некои би им рекол на тие луѓе дека е време да го заменат перото со мотиката. Но, во околности, какви што се нашите, истите тие црковно неписмени луѓе, во своите текстови плукаат по затворениот Архиепископ охридски Јован и по припадниците на Православната Охридска Архиеископија.

Ние, обичните верници, немоќни сме да направиме било што за да се изострат критериумите за вреднување на црковните случувања во нашата татковина. Свесни сме само дека и за нас, но и за црковно неписмените новинари, на крајот ќе важи не некој политички или овоземен суд, туку судот Божји!