50 години опстој во расколот
(повод: денешното соопштение од МПЦ)

МПЦ, како најголемиот залагач за антиквизацијата кај нас, која ги донесе и Хунзите, денес се повикува на “своите бугарски корени”.

Да се биде опортунист, за МПЦ ѝ не е така ново, но трагично е што го замајува народот дека, од овој договор меѓу две држави, самата МПЦ ќе оствари корист.
МПЦ имаше Нишки договор, којшто ја водеше кон сеправославно признание, но не го испочитува, а сега за да влече пари од државата, поздравува договор на државата. Тогаш, нека се пререгистрира во политички субјект, за да престане да го лаже народот дека се грижи за неговото спасение.

Во своето соопштение синодот на МПЦ уште вели дека годинава слави 50 години опстој во семејството на православните цркви. Но православните цркви не се семејство од цркви, не се конфедерација од цркви, туку се една Црква, едно Тело Христово. Тогаш, од овие редови јасно се гледа и расколничката еклисиологија на МПЦ.

Затоа најсериозно ги повикуваме трезвените граѓани на земјава да ја следат прославата на 1 Октомври и да видат дали некој од канонската соборна црква ќе дојде и ќе земе учество на прославата – 50 години раскол.
Ако не дојде никој од канонските православни цркви, можеби некои граѓани барем ќе сфатат дека МПЦ ги лаже во очи.

Повеќе на: