Соборно Православие, празнувајќи ги нашите најголеми просветители и учители, солунските браќа, светите Методиј и Кирил, со радосен восклик и со неизмерна благодарност кон Христа Бога и Неговата Црква, се сеќава на историскиот 24. Мај 2005 година кога официјално беше издаден ТОМОС-от за автономија на канонската Црква во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија.

ТОМОС, со кој, после повеќе децении раскол, и институционално, им се даде можност на сите оние христијани во нашата татковина, кои ја претпочитаат вистината наместо лагите на расколот, кои ја претпочитаат чистотата на верата и светоотечкото предание, наместо погубниот за душата грев на расколот, да имаат можност на своја, самостојна, сеправославно призната, канонска Црква. 

Редакцијата на Соборно православие ѝ го честита на Православната Охридска Архиепископија овој убав мал јубилеј, а за расколниците, ќе го помоли заедно со светите Методиј и Кирил, Владиката на сите, да ги утврди и нив во православието и едномисленоста, да го смири светот и спаси нашите души. 

http://www.poa-info.org/arhiepiskop/odluki/tomos.html