Ние нема кон оние што го ставија Архиепископот Јован во затвор и што ја гонат Црквата во Македонија, значи нема кон нив да упатуваме наши зборови.

Само нив ќе ги упатиме на кажаното во Новиот Завет, од страна на мудриот Гамалиил, кога тогашните силници на овој свет и век решија да поведат војна против Таинствениот Агнец од Апокалипсата:

„И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши; а ако, пак, е од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не станете борци против Бога!“

(Дела Апостолски 5. 38, 39).