До Томосот на СПЦ од 19. 02. 1922 г., Дебарската епархија, што значи и Бигорскиот манастир се наоѓале во јурисдикцијата на Цариградската Патријаршија, а од 1922 г., Цариград со потпишан документ Томос, кој и денес е сеправославно валиден, го предава Бигорскиот манастир и епархиите во Северна Македонија на СПЦ.

Но според писмото на Бигорскиот игумен Харитон од 1867 г., кое овде го објавуваме, уште од кнежевината на Милош Обреновиќ, Бигорските монаси сонувале да станат дел од Србија, обраќајќи му се на кнезот Милош како на нивни господар.

На сите граѓани на Северна Македонија им го честитаме многувековното постоење на Бигорскиот манастир, а Партение кој милува пред камери да позира како цмиздри, го потсетуваме дека манастирот никогаш во својата историја не бил бугарски, освен кога бил во рацете на расколници, за време на егзархијата и денес, во негово време.