Еден светогорски старец вели дека православниот човек треба да биде како пчела и од секој манастир и храм да го црпи најдоброто.

За жал спротивно на ова православно предание воспитаниците на расколничкиот Бигорски манастир кога ќе видат дури и емисија на српски јазик титлувана со македонски превод фарисејски ги затвораат очите за нешто добро да не се допре до нив, да не се “осквернат”.

Од илустрацијата на текстов оставаат впечаток како да им се испрани умовите и како да не им треба ни самиот Господ бидејќи манастирот веќе им го заменил.

Никој не ги спори природните убавини на Бигорскиот манастир, стварно амбалажата е прекрасна, но содржината е гнила заради расколот, зашто за жал монасите што живеат таму (и по потреба менуваат политички дресови) сè уште се во раскол со цело православие, не можат ни да богослужат ни да се причестат во соборната православна црква. Можда затоа несмасно ги влечат луѓето кон себе а не ги упатуваат на спасителното единство на црквата ниту пак самите влегуваат во тоа единство.