Во историјата на плуралистичка С. Македонија, досега веројатно на една рака ќе се избројат прекинатите емисии.

Вечерва, Епископот стобиски Давид учествуваше во дебатната емисија “Само вистина”, која беше прекината заради некакви “изречени навреди”.

“Навредите” се состоеја во тоа што на новинарите им беше предочено дека во однос на црковните случувања ја дезинформираат јавноста со тоа што пласираат непотврдени информации, и, во тоа што им предочи дека без Православната Охридска Архиепископија, никогаш нема да се најде решение за расколот на МПЦ.

Тој ги мотивираше новинарите да го повикаат и расколникот Стефан на отчетност, за да каже кога бил во Белград, што и со кого разговарал во Белград, во октомври 2019.

После овие укажувања, како во тоталитаристичките, комунистички времиња, техничкиот премиер Оливер Спасовски свртел телефон кај сопственикот на Канал 5, и емисијата беше прекината.

До кога во оваа држава, која чека преговори со ЕУ, ќе се носат судски или било какви други одлуки, дури и одлуки за прекин на дебатни емисии, со повик “од горе”?

Вака ли ќе одиш во Европа Оливере? И, вака ли ќе одиш во Соборното Православие, Стефане?

На “Само вистина” имало навистина остри настапи, но не биле прекинати. Во овој случај, дури ни соговорникот не ја напушти емисијата, така што комунистичката матрица на македонските политичари, во случајов, на техничкиот премиер Оливер Спасовски, си го направи своето и демократијата, како и плурализмот на мислата уште еднаш беа егзекутирани.

Повеќе на: