Колку ли пати отиде г. Стефан во Софија, во потрага по мајка, само не отиде таму, каде што треба, за да стане брат, во Христа. На прашањето на бугарскиот новинар дека сите епископи на МПЦ не се единствени за тоа БПЦ да им биде мајка, г. Стефан одговара дека сите биле едномислени, а секој може да мисли како сака, но главно е, мнозинството како мисли. Има ли логика оваа негова изјава? Нека каже или сите се единствени или само мнозинството мисли така? Вака ја потценува интелегенцијата на публиката што ја следи неговата изјава.

А на прашањето дека Македонија треба да признае дека Охридска архиепископија е бугарска црква, г. Стефан почна да врти и сучи, без дециден одговор, што не доликува на човек кој претендира да биде признат Охридски архиепископ.

Дали следната фаза е исполнување на идеалот на бугарските политичари и новинари кои отворено истакнаа дека бугарскиот патријарх ќе биде духовен башта (татко) на еден и ист бугарски народ од двете страни на границата меѓу Бугарија и Македонија? И каде се сега Стефановите верни чеда да го повикаат на одговорност, што тајно се рашетува по Бугарија и им крои судбина надвор од канонскиот поредок.