Голем број медиуми во Македонија ја пренесоа веста за средбата на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј со грчкиот премиер Ципрас.

Но, само делумно.

Ниту еден од нив не ја пренесе суштината на веста.

Сите пренесоа дека Патријархот рекол дека “во рамките на обврските на Вселенската Патријаршија е да стави крај на расколот таму каде што постои, и да работи на сеправославното единство и соработка како и секогаш досега“.

Но, ниту еден медиум не го пренесе вториот и суштествен дел од изјавата на Вселеннскиот Птријарх Вартоломеј, во која тој вели:

„Кулминацијата на овие напори (се мисли на начинот на кој се решава статусот на црквите) се оствари на Вселенскиот Собор на Крит пред две години, кој се одржа благодарение на вашата поддршка“, му рекол Вартоломеј на Ципрас.

Сериозен медиум или новинар веднаш треба да се запраша: На што се однесува „кулминацијата на овие напори се оствари на Вселенскиот Собор на Крит пред две години“?

Темелниот новинар и одговорниот медиум треба да се сетат дека на тој Собор, најважното прашање беше доделување автономија кое уште од Шамбези го имаа усогласено и потпишано сите Патријарси.
Според овој текст една Патријаршија во границите на своето канонско подрачје може да доделува Томос за автономија, кој ќе го регулира степенот на автономија на таа црква, а потоа со испраќање на Томосот треба да ги извести за доделената автономија и Вселенскиот Патријарх, и сите останати православни Патријарси.

Бидејќи на територијата на Македонија веќе постои автономна црква, ПОА, станува сосема јасно каде ќе биде насочено решавањето на барањето на МПЦ-ОА.

Прашањето зошто медиумите не го пренесоа овој дел од изјавата на Цариградскиот Патријарх, само уште еднаш ја потврдува површноста и непознавањето на суштината на ова прашање меѓу новинарите кај нас.

За штетите од таквото однесување, заклучувајте сами!