”Нашата Црква го цени квалитетот, а не квантитетот. Не е важен бројот на верници, туку искреноста и длабочината на нивната вера. Тоа ни го кажува и самиот Господ, и Исус, кога раскажува за случката во пустината додека Мојсеј ги чувал овците на својот дедо Јотор. Ја здогледа капината како гори, а не согорува. Мојсеј се приближи да го види тоа чудо и слушна глас како му зборува од капината: ”Мојсеј, соблечи ги обувките од своите нозе, бидејќи земјата на која стоиш е света. Јас сум Бог Аврамов, Бог Исааков и Бог Јаковов.”

Аврам е татко, Исак е негов син, а Јаков внук. Бог самиот себе се нарекува Бог на тројца луѓе од три различни генерации, иако во секоја од тие генерации имало многу луѓе. Тој себе не се нарекува Бог на милионите, туку Бог на светите. Затоа ние треба да се трудиме, не да бидеме меѓу милионите луѓе ако тие се нелуѓе, туку меѓу поединците кои тежнеат кон правдата Божја.”

– Патријарх Српски Павле