Постоењето на МПЦ е неподносливо досадна антидрама и модел на бескрајно чекање како напразно дејство. Се’ што во неа се случува е бесцелно, не води никаде и всушност, не претставува ништо друго, освен губење на времето додека се чека признавање на измислена автокефалија, што никогаш нема да се случи.

Еден таков перформанс се одигра и викендов во Калишта, каде што беше реафирмирано единството на МПЦ во неправењето ништо и неприпаѓањето никаде.

Таквиот театар на апсурдот практично може да продолжи во недоглед, само е неопходно, луѓето кои се заглавени во МПЦ незнаејќи што точно чекаат и кога тоа ќе дојде, за да не им здосади чекањето, постојано да бидат хушкани со политика, и да си ги вадат едни на други очите, од ликови како Агатангел и Пимен, кои од зад сцената слатко им се потсмеваат, додека гушнати и “во петок мрсат”.

(За јубилејниот т.н. Црковно-народен собор 2018 во Калишта)