Рубин Белчески, историчар, по повод 50 години автокефалија на МПЦ:

“Во пролетта 1967 година, се одржала средба на високи државно-партиски функционери од Македонија и Србија, како и преставници на федерацијата. На состанокот на кој присуствувале Петар Стамболиќ, Драги Стаменковиќ, Вељко Влаховиќ, Едвард Кардељ и Михајло Тодоровиќ, а од македонската страна, Крсте Црвенковски и Никола Минчев, и покрај одредени резерви кои ги искажале српските претставници, едногласно било решено да се поддржи создавањето на самостојна автокефална Македонска православна црква, по што се одржал Третиот црковно-народен собор.”

И историчарите го потврдуваат фактот дека „автокефалијата“ на МПЦ, излезе од бедрото на КПЈ. Токму таа одлука на тогашните комунистички функционери, МПЦ денес ја слави.
Голем број верници и во 2017 година, не согледуваат дека оваа МПЦ, не произлезе од Соборната Црква, туку од една генерација личности кои на сила ја преоблече МПЦ во т.н. „автокефална црква“, за да го наруши единството со Соборната Црква.
Линк: