Дека е подобро човек никогаш да не се причести, отколку да се причестува во расколничката МПЦ, ни сведочат и зборовите на Светиот Јован Милостив.

Тој му пишувал на Светиот Јерусалимски Патријарх Софрониј, а истото секогаш им го говорел и на православните верници, велејќи:
– Никој од верните, никогаш и по ниту една цена да нема учество во причеста на кривоверните, т.е. на еретиците и расколниците; поточно речено да не се валка себе си; и, ним да не им дава од Причеста на Црквата.
– Дури и целиот свој живот заради некоја причина или околности да останете непричестени затоа што неможете да најдете во вашето опкружување од Причеста од Соборната Црква, немојте да се причестувате кај еретиците и расколниците, вели Светиот Јован Милостив.