Љубовниот повик од светејшиот Патријарх српски Павле до Епископите, свештенството, монаштвото и побожниот народ во Р. Македонија за влегување во литургиско и канононско единство со Српската Православна Црква:

„Со отечка и братска љубов во заедничкиот Господ, ви се обраќаме на сите вам и го повикуваме секого од вас посебно, како личност и православен христијанин, да преземе лична и соборна одговорност пред живиот Бог и пред светата Црква Негова и заедно со нас да направи се што е можно и неопходно за надминување на расколот во нашата Православна Црква, за исцелување на раните на неединството и разопштеноста помеѓу нас, заради повторниот триумф на христијанската братска љубов над злите сили и страсти, а во слава на Бога, на сведочење на вистината на светото Православие во денешниов немирен свет, и на духовна корист и спасение на нашите души.

Ние, браќа, како Црква не настапуваме од позиција на национална исклучивост и немаме никакви ни национални, ни територијални претензии во однос на вас. Ја почитуваме националната определеност и националниот идентитет на македонскиот народ и на секој народ во РМ. Етнофилетизмот, односно потчинувањето на Црквата кон национално – политичките идеологии и програми, одамна е со право осуден како ерес. Етнофилетизмот, всушност се раѓа од ослабената свест за соборноста на Црквата и така создава подлога за поделби и расколи“.

Повеќе: