Сајтот за дезинфомации и ширење омраза од областа на религијата „Религија.мк“ се надмина себе си во извитоперувањето на стварноста. Во соопштението на Вселенската патријаршија никаде не е напишано: „Лага е дека е одбиено барањето за автокефалност на МПЦ-ОА“, но токму овие зборови сајтот „Религија.мк“ ги става во устата на Вселенската патријаршија. Во соопштението на Вселенската патријаршија јасно се вели дека не е испратено Патријаршиско писмо до „Црквата на Скопје“, што недвосмислено значи дека Патријархот Вартоломеј не испратил писмо, но не се вели дека не е испратено било какво друго писмо. А, тоа дека е испратено писмо до „Црквата на Скопје“ т.е. МПЦ, досега не го демантира ни самата расколничка МПЦ.
За смрдеата на „Религија.мк“ да се покаже уште посилна, овој сајт вели дека Вселенската патријаршија ги демантира наводите кои биле објавени во „Слободен Печат“, а во официјалното соопштение на Вселенската патријаршија стои дека таа го демантира текстот на „Православна Вистина“, а „Слободен Печат“ во соопштението не се споменува буквално никаде. Бидеји ниту „Слободен Печат“, ниту било кој друг во Р. Македонија не пишуваше дека Патријархот е подмитен со злато или дека српска делегација патувала во Истанбул.Исто така, Вселенската патријаршија не демантира дека е испратено било какво писмо до расколничката МПЦ, туку ги демантира наводите на „Православна Вистина“, дека Патријархот Вартоломеј примил злато од Србите, т.е. го демантира насловот на „Православна Вистина“ дека Патријархот со злато бил убеден да не се меша во прашањето на МПЦ; од што логично произлегува дека тој и нема да се меша. Вселенската патријаршија го демантира и весникот „Православна Вистина“ дека српска делегација била во Истанбул.
Конечно, добро е што постојат сајтови за дезинформирање како „Религија.мк“, бидејќи така читателите биваат поттикнати да истражуваат и да дојдат до вистината, а не да ја голтаат расипаната храна што им ја сервира „Религија.мк“, па после да ги боли стомакот.

Повеќе:
Повеќе: