Во време на смртоносна епидемија, група добро ухлебени млади расколнички монахињи си направиле „снешко”, позираат пред него и се израдувале.

Прашањето до монахињите е на што ја темелат нивната радост?

Навистина, Господ Христос и Црквата негова, се изворот на вистинската радост. Но пред сѐ, тоа е духовна радост, а не облик на надворешна окезеност.

Од друга страна, овие млади монахињи, иако добро ухлебени, не живеат во Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, која е, како што рековме, изворот на полната радост, туку живеат во раскол, отцепени од Црквата Христова.

Тогаш, што знаат кутрите тие што е вистинската радост? Тие, евентуално како млади расколнички, можат само магловито да ја насетат радоста, но не и да ја живеат.

И конечно, не е секое време, време за радост. Светот се соочува со незапамтено страдање, па во најмала рака христијаните сега треба да сострадуваат со светот и да покажат уште поголема сериозност и покајание, како за себе, така и за светот за што поскоро надминување на големата криза. А не да позираат со извештачена расколничка “насмевка”.

Но, ова само уште еднаш потврдува колку расколот е духовно-аутистичен феномен, кој си изградил ѕид околу себе и живее сам, самодоволен во својата тотална изолација.