Дека во расколничката МПЦ нема вистинска вера во Христа, за Илинден посведочи архибандитот Царкњас со изјавата дека животот нема смисла после промената на името на државата. Тој практично го искажа нивното доминантно уверување дека делото на Господа Исуса Христа не е доволно за спасение, и Него не го прифаќаат за свој Спасител без да им овозможи остварување на националната кауза сосредоточена во обожување на името Македонија, ѕвездата од Кутлеш, и редица други појави кои немаат никаква врска со Црквата и христијанството.

Деновиве, во своето расколничко дувло во Грција Царкњас примил група припадници на насилната македонистичка секта “Тврдокорни”, на кои им одржал мотивациски говор и потоа заедно се фотографирале за спомен.
На својата интернет страна (види линк) овие сомнителни типови исповедаат слична мерзост како и Царкњас дека верноста на етничката припадност е еднакво важно и спасително со исповедањето на Христа за Господ и Спасител. Исповедањето на Македонија за нив е исповедање на Православието. Оттаму, логично дека и за нив, како и за Царкњас, менувањето на името е еднакво со менување на нивната вера, што го обесмислува животот!

За жал, Царкњас не е исклучок, и не е единствениот “забеган”, туку слично (не)верување исповедале, и сѐ уште исповедуваат мнозинството од монаштвото, и клирот на расколничката МПЦ. Едноставно, за нив Христос не може да биде Господ и Спасител, ако не е и Македонец.

Соборното Православие не ги укинува националната, јазичната и другите одлики, туку од нив не прави бог, како што тоа го прават расколниците.

Линк: