Како го претставуваше МПЦ православието во изминативе пет децении, и каква перцепција создаде за него? Перманентната негативна кампања за православните соседни народи и цркви, создаде клима во која отпадништво од преданиската вера стана чин на национална гордост и патриотизам.

Спасението за вечен живот што ни е подарено од Христа во единството и соборноста на Црквата, МПЦ на луѓето им го претставуваше како завера против националните и државните интереси, и многумина од нив денес не се способни да се отрезнат од тоа нејзино богохулие. На пример:

“Ајде да бидеме малку објективни, па да си поставиме прашање, од кого сме имале повеќе мака низ историјата, од Рим или од Цариград, односно од католиците или од православните. Од западните народи или од Грците, Србите или од Бугарите?”
(фото: Заколнување на омраза во Бигорски пред пагански симболи)

Линк: