Од Истанбул стигна абер: МПЦ не се за автокефалија! За лечење се!
Во животот на секоја лага неминовно доаѓа еден момент што ѝ припаѓа на вистината. По сѐ изгледа дека расколниците од МПЦ, после 53 години бегање, ги стигна вистината во форма на изјава со ефект на ладен туш од патријаршијата во Истанбул.

Наместо томос за “признавање на автокефалноста во суштинска смисла”, од Фанар добија усна дијагноза дека, бидејќи се тешки расколници, не се зрели за автокефалија, туку за лечење.

Утре Истанбул и томос да им даде, во него, исто како на украинските расколници, ќе им пише терапија, и со таквиот томос ќе може да бидат автокефални само во Бардовци. Бидејќи, на болни автокефалија се дава ли?
На расколниците од МПЦ сега им преостанува да се задоволат само со тоа да станат епархија на патријаршијата од Истанбул.

18 години бегаа од потписите на Нишкиот договор што им даваше најширока сеправославно призната автономија, која досега ќе ги одведеше ѝ до сеправославно призната автокефалија.

Ама сега се откажаа и од автокефалија, дури не сакаат да бидат ни автономна црква, туку само истанбулска епархија на Балканот, стационирана во С. Македонија.

Вака, ниту лечењето како тешко болни пациенти нема да им биде уважено од другите православни цркви, а онака ќе беа признаени од сите помесни цркви како православни браќа.
Сега им станало битно да биле црква, но не сакаат да бидат сеправославно призната Автономна црква, туку епархија на Истанбул во С. Македонија, т.е. акефални клисари на Вартоломеј, во зафрлен истанбулски протекторат.
Новата изопаченост ја прогласуваат за нова нормалност, а кај расколниците никогаш ништо не е нормално, и згора на сѐ бараат ненормалното да им биде признато за нормално. Такво нешто можат да направат само ненормалните.