Кога повторуваме дека расколот предизвикува шизофренија не го правиме тоа злонамерно и претерано. Напротив, тоа досега се има потврдено безброј пати, одново и одново.

Најново, игуменот на расколничкиот манастир Св. Јоаким Осоговски, архибандитот Григориј Настески, истовремено додека Заев договарал поткуп од 100.000€ со лажниот Порошенко, за Вартоломеј да и пише “томос” за автокефалност (тврдоглавост) на МПЦ, овој направил цела една студија, воглавно за сочно плукање врз ПОА, но, којашто ја завршува со манифест, под наслов: “Усвојување цврст, обврзувачки и неотповиклив став за автокефалноста на МПЦ‒ОА”.

Во третата точка од ставов, од којшто досега никој од МПЦ се нема оградено, се вели:

“Цариградската патријаршија, исто така, е ненадлежна во вакви услови да доделува томос за автокефалност на МПЦ‒ОА, бидејќи МПЦ‒ОА de jure ги стекнала правата за автокефалност… МПЦ‒ОА може единствено да предложи Цариградската патријаршија да ја прифати фактичката состојба, и просто, како Црква којашто претседателствува во љубовта (προκαθημένη τῆς ἀγάπης), да пристапи кон општо помирување преку сослужување со МПЦ‒ОА, при што, и de facto, на тој начин, ќе ѝ биде „даден” томос… Значи, ЦП ако нема право над диаспората, и ако нема право да применува законодавна власт надвор од сопствената јурисдикција, тогаш таа (ЦП) нема ниту специјално право од аспектот унилатерално да доделува автокефалност.”

Дека зборот на МПЦ не вреди пет банки, и дека единствен константен став им е да не прифаќаат одговорност за ништо, досега се имаат уверено многумина. Но, да го молиш Вартоломеј за томос, и истовремено да го прогласуваш за ненадлежен, со цел отпосле да тврдиш дека тој само констатирал фактичка состојба, е досега нечуена дрскост од која човек останува вџашен и подзинат.

И, не дека е ова нешто ново од нив. Тие така и во 1958-ма ја молеле СПЦ да им го даде првиот епископ за воопшто да можат да бидат црква, за веќе утредента да плукаат по неа. Ги завлекуваа со години СПЦ глумејќи дека искрено преговараат, за на крај, без трошка срам, да го прогласат тешко постигнатиот Нишки договор за тоалетна хартија.
Пред две години и се додворуваа и на БПЦ дека ја сметаат за своја мајка, а тајно испратиле барање до Цариградската патријаршија за таа да им биде тоа.

Едноставно, нивните вера, надеж и љубов, секогаш биле и сѐ – лицемерни.

А дека ни умот многу-многу не им тежи, се гледа и по тоа како овој Григориј (мали Ѓокица) го замислува правото на МПЦ да биде автокефална, ни помалку-ни повеќе дека произлегува од дефиницијата (“канонот”) на англискиот физичар и философ Џон Лок, со која се вели: „Народот е носител на сувереноста, кој само привремено ја доверува сувереноста на законодавецот. Во случај да се изневери довербата на народот, тој има право на револуција”.

Да, кај нив сѐ е измешано, и не прават никаква разлика помеѓу црквата и државата, помеѓу светото и профаното, помеѓу љубовта и користољубието.

Линк: