При евентуални идни преговори за статусот на расколничката МПЦ, целата МПЦ треба уште од сега да си знае дека нејзиниот “клирик” Царкњас, поточно неговото расчинување од канонската Црква во Р. Грција и неговото, сега веќе лажно претставување како архимандрит, исто така ќе мора да биде точка на разговор во преговорите (затоа Царкњас, бидејќи си ја има мувата на капата е противник на можните преговори и на единството на Црквата).

Значи, сосема јасно, преку таквите испади на расколниците од МПЦ, како во случајот Царкњас, Соборната Црква едноставно – нема да премине.

Затоа расколничката МПЦ, уште сега нека си го реши прашањето на нејзиниот расколнички “клирик”, а од Соборната Црква расчинетиот Царкњас; за Царкњас (со тоа што го прави по партиски митинзи, но и во Грција), да не ѝ направи дополнителни штети на расколничката МПЦ, бидејќи ако Царкњас продолжи да „ревнува“, може да се случи расколничката МПЦ токму на таквите и слични глупирања, баеги да се излизга и да си ја прокоцка шансата за решавање на проблемот кој со децении самата си го влече.