Во Скопје беше прославен денот на државноста на Србија. На прославата беа присутни мнозина, меѓу кои техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот од Владата на Србија, Зоран Ѓорѓевиќ. За волја на вистината ја видовме и канонската Црква.

Но каде беше на овој значаен празник самоумислениот „лидер” на Србите, расколникот Стоиљковиќ? Нели е тој многу почитуван меѓу своите, па дури е почитуван и од политичарите од Белград? Тогаш, зошто го немаше на прославата?

Дали можеби се уплаши дека ќе биде исфрлен од салата на МНТ, од оние на кои тој им се закануваше само неколку недели претходно, зошто го презреа како предавник на српските интереси, и пред сѐ на светосавската вера.

Како и да е, прославата беше одлично организирана од 11-те српски здруженија кои не сакаа да имаат врска со лажниот патриот и расколник во верата, Стоиљковиќ.

Тие дури ја кренаа прославата на повисоко ниво од (лаже-светосавската), која ја огранизираше Стоиљковиќ, зошто тука Р. Србија испрати министер од владата, а на Светосавската, т.е. На балот на вампирите на Стоиљковиќ, немаше српски министер, немаше ни црква.

Едно е сигурно, дилетанти во политиката како расколникот Стоиљковиќ, полека ќе бидат сѐ повеќе маргинализирани, а на нивно место ќе доаѓаат чесни луѓе, со искрени намери да ги унапредат и меѓудржавните односи, и политичките и верски права на својата заедница во С. Македонија.