Расколникот Наум, тој Санчо Панса на расколот, упорно се бори со ветерници и си умислува дека ако некој е против неговата расколничка МПЦ, тогаш таквиот бил душевно болен или платеник.

Но со тоа расколникот Наум сам си ја признава дијагнозата, бидејќи ако некој е против МПЦ, тогаш единствено против МПЦ е самиот Наум со тоа што ја држи во расколот и сите ги замајува со неговиот болен пиетизам.
Ниту ПОА, ниту било која помесна црква по дифолт не е против МПЦ, туку е само против расколот. Инаку според помрачената логика на Наум – Санчо Панса, сите цркви би биле душевно болни или платеници, а само тој кутриот здрав.
Но стварноста е дека после Кирил најголем идеолог и бранител на расколот е Наум, па оттука тој е најтешко душевно болен и најмногу платен за тоа.
Целиот напис го насловил и посветил на разобличување “секташки дух”, а зарем има посекташки дух од тоа (како што самиот расколник Наум си признава), секого што не е со тебе да го доживуваш како лудак или платеник?
Расколникот Наум изгубил елементарно чувство за одговорност и толку се поистоветил со погубниот раскол што прилега на блуден син кому во туѓа земја ептен му омилел свињарникот и ужива да јаде заедно со свињите, истовремено доживувајќи деменција во однос на Соборноста на Црквата.