По којзнае кој пат Марјан Николовски а.к.а. Ранду продолжува да ја прави религијата озборувачка работа, жолт печат, дно дна.

Гледаме напишал како „приврзаниците на Вранишковски“ го нападнале гркот Романос Анастасијадис од кого расколничката МПЦ чека спас. Што дочекаа расколниците, после мајка им БПЦ која ги отфрли како да се копиле, да се надеваат на еден пропаднат архибандит од Крит.

Точно е дека ние сме припадници на канонската црква, но ама баш никој нема право да ја поврзува нашата група со официјалната црква. Се сомневаме дека Ранду има интелектуален капацитет да си го постави прашањето што значи тоа да си нечиј приврзаник?

Ако човек е член на канонската црква, дали тоа значи дека е нечиј приврзаник, нечиј привезок? Се разбира не, но амебата Ранду нема капацитет да го разбере тоа, бидејќи самиот е привезок, па мисли и дека сите други се.

Па нас и владиците и поповите од официјалната црква да ни кажат да ја затвориме странава Соборно Православие, 100 пати ќе се размислиме пред да направиме нешто такво, и тешко дека ќе ја затвориме, но Ранду сака и на еден Фајсбук пејџ, да му припише официјален став, а со неговиот расколнички менталитет да може и би го укинал пејџот.

Но ние како слободни луѓе сакаме само да предочиме дака Ранду е еден обичен лажов во религијата од типот на Амди во политиката, па кој сака нека повели и нека се труе со него.