На колку ниско ниво е спадната расколничката МПЦ сведочи тоа што политичари праќаат писменца во име на МПЦ покажувајќи така дека расколничките владици се тотално неспособни сами да си го решат проблемот.

А не се способни ни сами да го образложат, па пуштаат тенденциозно да се излетуваат жолт-црковен-печат новинари од типот на Марјан Николовски, кого бившата министерка за полиција пејоративно го нарече Ранду.

Николовски фантазира дека патријаршија во Истанбул де факто ќе ја признаела МПЦ, како што вели, „во моменталната структура” и дека ќе почнела литургиско сослужување со МПЦ.

Копи-пејст новинарството го штанца неговиот став, но за секој здравомислечки човек едно е недвосмислено јасно – сослужувањето со недефинирана расколничка структура, што е друго ако не сослужување со расколници.

Значи, ако претходно не биде решен расколничкиот статус на МПЦ, тогаш Вартоломеј де факто ќе почне да сослужува со расколници какви што се МПЦ, а тоа без сомнеж и него самиот ќе го направи РАСКОЛНИК.

Затоа, следува наградно прашање до читателите. Кој статус ќе ѝ го даде Вартоломеј на расколничката МПЦ:
1 – Ќе сослужува со расколници?
2 – Ќе ги врати МПЦ во канонско единство со тоа што ќе ги направи истанбулска епархија, која никој нема да ја есапи?
3 – Ќе им даде автономија или автокефалија, кои исто така никој нема да ги есапи?

Паметните нека си одговорат сами.

Николовски контрадикторно вели дека расколничката МПЦ нема да биде ниту дел од Цариградската патријаршија и, истовремено, ниту ќе има било каков статус. Со други зборови, МПЦ ќе лебди во вселената. Така расколничката МПЦ само дополнително ќе си ги искомплицира работите и ќе си го продлабочи проблемот до мерка кога тешко ќе може да се види решение за нејзиниот раскол. Да не зборуваме во какви проблеми ќе го втурне патријархот во Истанбул.

Самиот Николовски изразува сомнеж дека расколничките владици на МПЦ ќе можат да служат со други цркви ако тие го прифатат „тоа“. Кое? Па „тоа“ што расколничката МПЦ не е ни Вселенска патријаршија, „тоа“ што нема да има решен статус. До толку ли се неразумни па мислат дека помесните цркви ќе се втурнат во сослужување со расколници од МПЦ.

На прашањето на водителката: кој гарантира дека ќе се стигне до томос за автокефалност, Николовски веќе се надминува себе си и од ѓутуре одговара: гарантира Процесот. Процесот на Кафка.

Николовски тенденциозно манипулира и се заплеткува во очигледната невистина велејќи дека ем МПЦ ќе има канонско единство преку Вселенската патријаршија, ем не кажува со кого. Ќе има единство со црквите за кои не се знае дали ќе го прифатат „тоа“? А, ни Процесот не се знае колку ќе трае.

Значи, тотално е неизвесно колку расколничката МПЦ ќе лебди во вселената.

Расколничката МПЦ конечно треба да му се извини на народот што половина век ги лаже дека се „автокефална црква“. И сега бараат единство само со Истанбул или и со сите помесни цркви? Да не е трагична нивната неразумност, ќе беше многу смешна.

И за крај црешата на врвот од истанбулската торта. За Николоски и сличната на него новинарска бижутерија, кои се крстеа во името „Македонска“, слушнете сега како името „Македонска“ веќе им е тотално небитно, а добро е што и другите православни цркви ќе чујат за претензијата на Николоски, расколничката МПЦ, сега под друго име да стане петта во диптихот на православните цркви.

Архирасколникот Стефан не треба да го пушта Николоски, туку треба сам да излезе и да му каже на народот дека МПЦ се откажа од името и дека името „Македонска“, според Николовски, МПЦ ќе го користи само во комуникацијата со верниците (хахаха), и дека сега одеднаш им текна дека најмалку им е важно тоа што црквата нема да им го содржи името „Македонска“.

И запазете го сега моментот дека Николоски и расколничката МПЦ кои скоро две децении ја прогонуваат ПОА, го затвараа Архиепископот охридски Јован, рушеа храмови, тепаа свештеници и монаси, организираа докажано наместени судски спорови кои траат со години, одеднаш велат: ПОА мора да биде дел од решението.

Што да кажеме ние како обични верници, освен дека искрено им посакуваме побрзо вразумување на расколниците од МПЦ и нивно приземјување од вселенските височини во кои кампањски сега се втурнати заради нечии краткотрајни политички интереси.

Повеќе на следниот линк: