а прашањето постои ли денес, општо прифатена процедура за давање автокефалија и што за тоа говорат каноните, за „РИА Новости” зборува заменик претседателот на Одделението за надворешни црковни работи на Московската Патријаршија, протојереј Николај Балашов. Издвојуваме неколку клучни реченици:

На заседанието на Меѓуправославната подготвителна комисија (МПК) во Шамбези, во 1993 година, Помесните Православни Цркви се договорија за следново: нема автокефалија без согласност на Црквата-Мајка и нема автокефалија без сеправославна согласност “изразена со едногласност на Соборите на автокефалните Цркави“.
Во завршниот документ на МПК од 1993 година, кој е потврден со потписите на претставниците на сите општопризнати автокефални Цркви, стои:

„а) Црквата-Мајка, добивајќи молба од регион што неа ѝ припаѓа, ги оценува суштинските, црковните, канонските и пастирските услови за давање автокефалија. Во случај Помесниот Собор како повисок Црковен орган, да даде своја согласност, тој поднесува соодветен предлог до Вселенската Патријаршија за да побара сеправославен консензус, информирајќи ги останатите Помесни автокефални Цркви.
б) Вселенската Патријаршија согласно со сеправославните принципи, со Патријаршиска Посланица ги доведува сите до сеопшто обзнанување, поврзано со конкретна молба и постигнува сеправославен консензус, изразен со едногласност на Соборите на автокефалните Цркви“.

На заседанието пак на МПК во Шамбези, во 2009 година, се постигна согласност за дополнување на претходниот документ, со следнава формулација:

„3. в) Изразувајќи ја согласноста на Црквата – Мајка и сеправославнот консензус, Вселенскиот Патријарх официјално ја прогласува автокефалијата, сведочејќи ѝ на Црквата, со издавање Томос за автокефалија. Тој Томос се потпишува од Вселенскиот Патријарх и се осведочува со потписите во него и на Најблажените Претстоители на Светите автокефални Цркви повикани за тоа од Вселенскиот Патријарх”.
Со овој дел, само уште повеќе е зголемен акцентот на сеправославна согласност како услов за автокефалија.