На кого пошироко му се познати ликот и делото на Ѓоко Ѓорѓевски, декан на факултетот на расколничката МПЦ?Навистина веќе станува симптоматично, кога на нашата јавност ѝ се пласираат ставови на такви некомпетентни личности.Ѓоко, иако самиот не е дел од Соборното Православие, туку припадник е на непризнатата МПЦ, се изложува себе си на таков потсмев со тоа што како резервен играч во Втора лига (запад), толку се заблудел што зборува за тоа како треба да бидат поставени работите во Лигата на шампиони.Ѓоко, прво скокни, па кажи – оп.Плус, Ѓоко не кажува отворено дека МПЦ е веќе одбиена од Вселенската патријаршија, така што се наметнува прашањето – зошто Ѓоко и новинарката не ја третираат и таа тема и зошто не им кажат на луѓето каква е реалната состојба?Очигледно Ѓоко и новинарката се лажат себе си и мислат дека ги лажат, дека ги манипулираат и другите луѓе. Но веќе се целосно прочитани како селски буквар. Децении наназад ги верглаат истите приказни и народот веќе за ништо друго не им верува освен за цените на таксите во расколничката МПЦ.Во стварноста вака стојат работите – Цариград го има отфрлено барањето на расколничката МПЦ. Додека МПЦ не се покае за расколот нема да види признавање, и полека-полека, но сигурно ќе ѝ станува пречка дури и на државата за да продолжи напред во остварување на цивилизираното рамниште на демократските вредности. На провинцијалците на мислата како што е тандемот Ѓоко и рецидивите од режимското новинарство никогаш нема да им стане јасно дека Цариград ќе ја користи актуелната состојба само со цел сите цркви, кои не учествуваа, да го признаат Критскиот собор, а после тоа нема ни да се сети на Украина.Сите одат напред, само расколничката МПЦ на Ѓоко тоне во стерилни повторувања, кои се одвратни за умот на луѓето кои размислуваат со своја глава.