Еве како разумен свештеник, од раскол, преминува во Соборната Црква.Тоа е единствениот пат и за МПЦ, која на таков начин сè ќе добие, а ништо нема да изгуби:

Украинската Православна Црква (Московска Патријаршија) се радува на враќањето на уште еден расколнички свештеник, со мнозинството од неговите парохијани во прегратките на вистинската Црква Христова во Украина, која е под водство на Неговото Блаженство Митрополитот Онуфриј.

Понуденото покајание, свештеникот го изјавил во присуство на епархискиот администратор, Митрополитот Висарион од Овурух и Коростен, со следниве зборови:

“Јас, Анатолиј Станиславович Василенко, ја сфатив тежината на мојот грев на расколот, како свештеник на таканаречената црква “Киевска Патријаршија”. Го молам Неговото Високопреосвештенство да го прими моето искрено покајание. Сакам да бидам покорен слуга на Светата Црква Божја”.

Василенко понатаму вели дека при читањето на бројни теолошки книги, особено на Св. Игнатиј Антиохиски, Кипријан Картагински и Јован Златоуст, се уверил дека постои само Една Соборна Црква и дека треба да ѝ се придружи.

Линк: