Расколничката МПЦ вложува огромни неканонски, парацрковни политичко-државни напори да го заобиколи единствениот пат за својата афирмација во православието. Но, по братската средба на 6-те православни цркви во Аман, треба да ѝ е јасно следново:

Во Аман се потврди поранешната соборска одлука од Шамбези дека доделувањето автокефалија е прашање на сеправославен конснзус! Никој од овие 6 цркви (а сигурно и од останатите 5 кои не дојдоа заради различни причини, но и не ја признаа расколничката ПЦУ), нема никогаш да прифати поинакво решение. Тогаш, залудни се сите напори на расколниците од МПЦ дека некогаш, на начинот по кој тргнале (дали само преку БПЦ или само преку Царигарад), ќе дојдат до недефектна автокефалија.

Затоа делегациите, соборно и хируршки прецизно изјавија во Коминикето дека ова прашање треба да се решава преку дијалог и во рамките на Српската Православна Црква, а при сеправославна поддршка. Ова, секако ја вклучува ПОА во дијалогот со МПЦ.

Во останатиот дел од официјалното соопштение, се дава одговор и на сите парацрковни аналитичари и љубители на теории на заговор против Вселенскиот патријарх (како Бранко Ѓорѓевски, Ранду и архибандитот Анастасијадис), со тоа што се изјави потврда од страна на сите претставници, до неговата Светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и неговото познато старешинство по чест (πρεσβεία τιμήs).

Во коминикето од Аман, покрај образложената основна цел на братската средба, која е: единството и помирувањето, надежта и обновувањето на дијалогот, зајакнувањето на братските врски и меѓусебниот мир во Христа, учесниците се обврзуваат, до крајот на годината да организираат уште една братска средба, овој пат сигурно и побројна, имајќи предвид дека Бугарската црква изрази незадоволство и жалење што не отиде во Аман, и тоа без да се донесе синодска одлука за тоа; како и надеж за присуството на самиот Вселенски патријарх.

Како и да е, МПЦ е вратена на почеток и треба да извлече големи поуки од Соборот во Аман.