Дедото Пимен, во неговата нова телевизиска изјава, најотворено ги лаже верниците на МПЦ, дека со започнување на некакви преговори со Бугарската црква, МПЦ била „на добар пат“ во решавање на нејзиниот статус. За жал, вистината е сосем спротивна. Всушност, со овој потег, МПЦ сега е подалеку од било кога во изнаоѓање решение за овие педесет години раскол.
Таа сега е само на добар пат, до пеколот.

Единствен пат на кој целото православие, уште од почетокот ја упатува е кон СПЦ, зошто МПЦ оттаму неканонски се одвои.
ПОА си е на правиот пат и затоа е дел од Соборното Православие. А за МПЦ, како што вели дедо Пимен, „сега целото православие чу“, но само дека направила уште една од низата глупости кои упорно ги врши.

Инаку, не станува збор ниту за било какви преговори со БПЦ. Веќе рековме, се работи за огромен политички притисок врз архијереите на БПЦ кои се принудени, макар и од куртоазија да остварат неколку средби со МПЦ. Да беа навистина искрени за афирмација на МПЦ како нивна Мајка – Црква, зошто не земаа неколку архијереи од МПЦ во Истанбул, па лично со нив пред Вселенскиот Патријарх да ја „официјализираат“ помошта која ја нудат?

Но, бидејќи се ова е само фарса на некој незрел ум во синодот на МПЦ, искрено го жалиме верниот народ кои се доверил, да вакви лекомислени луѓе ги водат кон спасението. Со оваа пазарџиска изјава на дедо Пимен, само се потврдува точноста на изјавите на Патријархот Иринеј и на Епископот Бачки Иринеј.